Од денеска почнува ограничувањето за складирање фотографии и видеа на Google

- Advertisement -

Google со години на сите корисници на услугата Google Photo им овозможуваше неограничено бесплатно скалдирање на фотографии и видеа, но како што најавија на крајот на минатата година, денес на сила стапува голема промена околу начинот на складирање фотографии.

Имено, Google ја укимуна таа можност за неограничено складирање и секоја фотографија и видео кои ќе се постават на овој сервис ќе заземаат дел од органичениот простор кој го делат Gmail, Disk и фотографиите.

- Advertisement -

Бесплатниот простор кој сега им е достапен ан корисниците е 15 GB, но бидејќи тоа на многумина не им е доволно, достапни се опции со претплата во склоп на сервисот Google One, па кој сака може да купи дополнителни 100 GB до 10 TB простор за складирање податоци.

Сите кои веќе имаат многу видеа и фотографии на Google кои надминуваат 15 GB нема потреба да се грижат, зашто тие ќе останат бесплатни и нема да заземаат простор од бесплатните 15 GB, но се што ќе се кладира од денес натаму ќе зазема дел од тој простор.

- Advertisement -

Освен тоа, екипата од Google предвидува дека над 80% од корисниците ќе можат да ги складираат бесплатно своите фотографии во висок квалитет уште најмалку три години, а кога бројот на искористени GB ќе се приближи до ограничувањето, Google ќе ги извести корисниците по имејл.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -