Италијански научници открија дека аспиринот го намалува ризикот од неколку типови рак на дигестивниот систем

- Advertisement -

Освен што ја ублажува болката, делува антивоспалително и ја намалува високата температура, аспиринот може да придонесе за намалување на ризикот од развој на неколку типови рак на дигестивниот систем, објавија италијански научници.

Заклучокот го базираат на метаанализа на 113 веќе постоечки анализи спроведени од 2011 до 2019 година. Кај луѓето кои секојдневно пиеле една или две таблети аспирин забележан е намален ризик од развој на рак на цревата за 27%, на хранопроводот за 33%, на желудникот за 36%, на црниот дроб и на жолчката за 38%.

- Advertisement -

За сите типови рак важи истото – колко подолго време пациентите земале аспирин, поголеми биле шансите таа болест да не се развие. Во некои случаи и дозирањето играло битна улога, па ако се земале поголеми дози, ризикот бил помал.

Но, научниците предупредуваат дека резултатите од ова истражување не значат дека треба сите да навалиме на апсиринот ниту дека на своја рака може да се пие во која било поголема доза од пропишаната затоа што може да предизвика внатрешно крварење, посебно во желудникот или во мозокот. Лекот задолжително мора да ви го препише лекар.

- Advertisement -

Основната супстанцијата на аспиринот е ацетилсалицилна киселина. За лековитите својства на аспиринот заслужни се салицилатите, кои природно се наоѓаат кај билките. Салицинот, хемиски сличен на аспиринот, го содржи и белата врба. Аспиринот спаѓа во најистражуваните лекови во светот. Се проценува дека за аспиринот годишно се спроведуваат од 700 до 1.000 клинички испитувања и се пишуваат повеќе од 3.500 научни трудови.

Сподели!
- Advertisement -