Грција ги смени правилата за влез во земјата

- Advertisement -

Од понеделник во Грција почнува задолжително тестирање на влез за лица постари од 6 години. Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, извести дека одлуката стапува на сила на 7 јуни.

Во карантин од 10 дена ќе мора да одат сите кои ќе бидат позитивно тестирани на граница. Групните посети со 20 луѓе ќе бидат дозволени на отворени простори.

- Advertisement -

Еве што се е потребно за влез во Грција.

1) Пополнет формулар PLF – овој формулар може да се најде на страницата travel.gov.gr.

- Advertisement -

2) Доказ за имунизација

Оваа потврда може да биде во форма на вакцинација со која било вакцина, при што последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред влегувањето во земјата. Ако не сте вакцинирани, мора да имате негативен PCR тест не постар од 72 часа, а ако сте го прележале корона вирусот треба да имате на увид потврда дека сте боледувале од КОВИД-19 во период од 2 до 9 месеци пред доаѓањето. Тоа го потврдувате со позитивниот тест на корона вирусот кој сте го направиле тогаш или со антигенски тест.

- Advertisement -

(B92)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -