Apple го претстави десетгодишниот план – до 2030 година сакаат да користат 100% еколошки чиста енергија

- Advertisement -

Apple најави дека до 2030 година ќе стане карбонски неутрална компанија, односно дека нивното влијание врз околината ќе биде занемарливо. Нивниот план го појасни шефицата на еколошкиот оддел на Apple, Лиса Џексон.

Всушност, Apple веќе е карбонски неутрале во своите корпоративни операции, но постојано го критикуваат поради влијанието на нивните уреди и другите производи врз околината. Како дел од новата стратегија, Apple ќе се погрижи нивните нови производи да се карбонски неутрални во текот на целиот животен век, што вклучува логистика, доставувачи и крајни корисници.

- Advertisement -

Apple во иднина во своите буџети за карбонска неутралност ќе ја вклучи енергијата потребна за нивните доставувачи да произведуваат материјали за производите на Apple, како и потрошувачката на електрична енергија за нивното полнење.

Apple планира прво да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 75% додека истовремено работи на решенија за отстранување и на останатите 25%. Џексон појасни дека Apple го објави својот план и целосно ќе се посвети на планот за на светот да му ја покаже потребата од градење нова иднина.

- Advertisement -

„Нашата желба е да објавиме и да им покажеме на корисниците дека тоа е навистина сериозно и мислиме да направиме се што можеме за да го решиме и тоа“ вели Џексон.

Многу промени кои се потребни за спроведување на тој десетгодишен план веќе се имплементирани, вклучувајќи ја и употребата на рециклирани материјали со ниска емисија на јаглерод диоксид. Тука е и помалата потрошувачка на енергија во каналите за снабдување на Apple за да се осигураат дека компанијата користи целосно обновлива енергија во своите операции.

- Advertisement -

За Apple да стане навистина карбонски неутрален мора да им ја подигне свеста на своите корисници за проблемот кој се обидуваат да го решат и да влијае на промена на нивното однесување. Така, на корисниците планираат да им укажуваат дека е подобро уредите на Apple да ги полнат со обновлива енергија, како и да се ослободуваат од стартите производи на одржлив начин.

Apple веќе стартуваше голем број иницијативи, но се ќе зависи од тоа колку самите корисници учествуваат во нивната реализација. Овој план се базира на идејата на циркуларна економија. Постојат два начини како да се реализира циркуларната економија. Едниот е да се произведуваат уреди кои се експтремно издржливи, но на крајот на животниот век корисниците мора да ги вратат назад. Другиот начин е корисниците да го искористат својот глас и да влијаат на властите.

(Independent, Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -