Заев: Ќе има санкции и одземање лиценци на бензиски станици каде што се утврдени неквалитетни горива

- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, во врска со контролите на бензиските станици во земјава за неквалитетни горива и дали има затворено бензиски станици, денеска рече дека прелиминарниот извештај поминал на Влада, а во вторник ќе го имаат и комплетниот сублимат каде што ќе има и санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе има и препораки до Регулаторна комисија за енергетика за одземање лиценци или слично.

-Тоа се дејствијата. Веќе е соопштено во јавноста каде е надминат процентот на вода, на пепел, немаат доволно петдневни резерви како што е пропишано по Законот и по Правилникот и соодветно сите институции ќе си носат одлуки, но не треба да застанеме тука, рече Заев.  

- Advertisement -

Тој вели дека контролите ќе продолжат и ќе се проверува дали се почитуваат сите стандарди.

–Еве што покажува денеска истражувачкото новинарство на пример, или будното око на граѓаните преку вас новинарите и медиумите дека се буквално најголемите контроли во името на граѓаните за да ги разбуди институциите и кога имаат одреден недостаток, се со конечна цел да го заштитиме здравјето и интересот на нашите граѓани. Така што продолжија со контроли и по бензинските пумпи и тоа ќе се прави редовно затоа што да мазутот се троши во државата, нафтата се троши најповеќе па после и бензините. Треба да се проверат сите стандарди дали се почитуваат. Ние имаме европски правилници, европски стандарди, имплементирани регулативи од ЕУ, многу е важно сето тоа да се почитува оти од тоа зависи и здравјето на граѓаните, но зависи и интересот на целиот наш народ, рече премиерот Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања на пуштањето во употреба на експресниот пат Штип – Радовиш.

Сподели!
- Advertisement -