Amazon отвора нови 3.000 работни места во Италија

- Advertisement -

Amazon годинава ќе отвори 3.000 нови работни места во Италија на неопределено време во склоп на својот италијански план насочен кон зголемување на инвестициите во земјата. Компанијата на крајот на минатата година во Италија имаше 9.500 вработени на повеќе од 50 локации.

„Растот во дигиталниот сектор е прилика за повторно будење на земјата и закаме да придонесеме за тоа“ изјави раководителот на Amazon за Италија и Шпанија, Марианџела Марсеглиа.

- Advertisement -

Таа додаде дека Amazon планира да инвестира повеќе од 350 милиони евра на три нови локации кои планира да ги отвори на есен во северните италијански региони Ломбардија, Пиемонте и Емилија Ромагни.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -