Авион со три пара крила ќе троши 70% помалку гориво од конвенционалните

- Advertisement -

Комерцијалните авиони не се познати по напредната технологија затоа што генерално се исти со децении, но нов дизајн привлекува внимание затоа што целта на авиоиндустријата е да ја намали потрошувачката на гориво и емисијата на јаглерод диоксид.

Концептот на новиот авион неодамна го претстави компанијата SE Aeronautics, а нивниот пристап до дизајнот е необичен затоа што авионот има три крила, дупли крила на опашката и два странични мотори. Станува збор за прототипот SE200, кој може да прими 264 патници, а ќе троши 70% помалку гориво од другите авиони со слична големина. Ќе може да лета 16.900 км без потреба за слетување, а неговата максимална брзина ќе изнесува нешто над 1.110 км/ч. Оваа брзина е поголема во однос на брзината на авион од иста класа. Исто така, дополнителниот пар крила создава поголем погон, што резултира со пократко полетување и слетување, а со тоа е овозможено и користење на помали аеродроми.

- Advertisement -

Новиот концепт авион нема да носи гориво во крилата, поради што дизајнерите може да се фокусираат на потенок и поаеродинамичен дизајн. Горивото кај новиот авион ќе се складира над трупот. Прототипот има интегрирана структура со една монокабина од еден дел, која ќе биде поцврста и побезбедна од постојните кои се распаѓаат во случај на незгода затоа што е составена од делови.

Освен тоа, користењето композитни материјали ќе го направи авионот еден од најштедливите, а животниот век ќе му биде 50 години. Производството на авионот ќе биде дупло побрзо, а директорот на компанијата SE Aeronautics, Тајлер Метјуз, изјави дека концептот ќе донесе револуција во авиоиндустријата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: SE Aeronautics)

Сподели!
- Advertisement -