НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис

- Advertisement -

НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис, како активна фармацевтска супстанција, наменет за Полска, која е дел од заедничкиот пазар на Европската Унија.

НЈСК Холдинг е основана во август 2016 година и е првата лиценцирана компанија за одгледување на медицински канабис во земјава и воедно таа е прва македонска компанија со европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди. Досега своите производи ги има регистрирано на пазарите во Полска и Германија, а преку партнерски и сестрински компании, и во Велика Британија, Бразил и Австралија.

- Advertisement -

НЈСК Холдинг е дел од меѓународната групација „Фармакан Интернешнал“ која има свои производствени капацитети и во Холандија, Полска, Германија, Хрватска и Грција. Досега во развојот на производствениот капацитет во земјава се вложени над 20 милиони евра и се отворени 90 работни места за луѓе од различни професионални профили. Со добивањето на лиценцата за извоз во ЕУ се создаваат неопходните предуслови за реализација на дополнителни вложувања во вредност од 15 милиони евра и нови 150 вработувања, кои е планирано да се остварат во следните 12 месеци.

(МИА)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -