Компанијата Dassault Aviation го претстави својот најнов дизајн, авионот Falcon 10X. Авионот уште е во развој, но компанијата направи виртуелна презентација за да го прикаже дизајнот и многуте нови опции кои ќе ги нуди бизнис авионот со најголема кабина во светот.
Пандемијата на КОВИД-19 имаше најголемо влијание врз авиоиндустријата, а многумина аналитичари очекуваат долгорочен пад на бизнис патувањата во корист на виртуелни состаноци. Но, врз основа на сопствено истражување компанијата Dassault сака со помош на својот најнов авион Falcon 10X да ги натера бизнисмените од целиот свет повторно да почнат да патуваат на подолги релации.
Кога ќе се најде во употреба Falcon 10X ќе има многу долг досег што се однесува на бизнис авионите. Го придвижуваат два мотори Rolls-Royce Pearl 10X и ќе може да помине 7.500 наутички милји или 13.900 км со едно полнење на резервоарот. Ќе може да лета без застанување од Париз со Австралија за околу 15 часа со брзина од 0,925 маха или 1.104 км/ч.
Со толку голем досег Dassualt Falcon 10X е дизајниран да биде максимално удобен и за патниците и за екипажот. Кабината е висока 2,03 метри и широка 2,77 метри, па тоа ја прави најшироката и највисоката кабина во бизнис авион во светот. Самата кабина е поделена на делови и може да се конфигурира во зависност од потребите на корисниците, вклучувајќи и поставување на огромна спална соба со туш шабина.
Со цел поголема удобност, кабината за време на летањето на висина од 12.500 метри има внатрешен притисок како на 910 метри, а самиот воздух се филтрира и се прочистува, бучавата е сведена на минимум, а кабината има и 38 прозорци кои се 50% поголеми отколку кај Falcon 8X.
Во пилотската кабина има столови кои може целосно да се легнат хоризонтално, па еден од пилотите може да спие додека другите управува со авионот. Системот Digital Flight Control System од најнова генерација е резултат на соработката на Dassault со воени организации на развојот на воени авиони и затоа двата мотори се контролираат од едно место.
Компјутер ги надгледува моторите и автоматски ја прилагодува моќноста на двата. Falcon 10X ќе почне да се употребува на крајот на 2025 година. Од видеото подолу можете да видите како изгледа Dassault Falcon 10X.
(New Atlas)
(фото: Dassault)