Сеизмичка активност на Марс им откри на научниците што се крие во Црвената планета

- Advertisement -

Научниците на НАСА продреа во внатрешноста на Марс по прв пат. Вселенското летало на агенцијата InSight, кое се наоѓа на површината на Црвената планета за да види како фунцкионира планетата, детектираше сеизмички енергетски бран во внатрешноста на Марс. А тој сеизмички бран ја откри физичката големина на јадрото на Марс.

Последните мерења покажале дека радиусот на Марс е од 1.810 до 1.860 км, што е отприлика половина од жешкото јадро на Земјата. Јадрото на Марс е помало отколку што се мислеше претходно, што значи дека е помалку густо отколку што мислеа научниците. Но, ова откритие значи дека јадрото содржи полесни елементи, вклучувајќи го и кислородот, а сулфурот и железото сочинуваат најголем дел од јадрото на Црвената планета.

- Advertisement -

Тимот на InSight ги објави новите мерки за време на виртуелната конференција Lunar and Planetary Science Conference во Хјустон, Тексас. И Земјата и Марс се карпести планети, што значи дека нивните слоеви се составени од три основни слоја: кора, наметка и јадро. Како што научниците ќе дознаваат повеќе за дистрибуцијата, составот и густината на внатрешните слоеви, ќе дознаваме повеќе за тоа како се формирала и како се развила планетата.

Инструментите на InSight ќе им овозможат на научниците да утврдат како густото и метално јадро на Марс се одделило од карпестата наметка додека планетата се ладела. Јадрото на Црвената планета веројатни е уште во течна состојба иако планетата е настаната пред околу 4,5 милијарди години.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -