Од денеска српските туристи добиваат картички за бесплатна патарина

- Advertisement -

Почнувајќи од ноќеска по полноќ сите државјани на Србија кои со автомобил ќе поминат низ граничниот премин Табановце на пат кон Грција ќе добијат М-Смарт картички за плаќање на патарините. Картичките ќе ги добиваат бесплатно, а на нив треба да има кредит од 760 денари, доволно за сите патарини до границата со Грција.

Првата тура од 65.000 картички веќе се доделени на МВР. Вкупно е предвидено изработување на 200.000 картички, кои ќе се изработуваат етапно. Право да ги користат картичките имаат сите жители на Србија кои поминуваат низ Македонија со автомобил по Коридорот 10 од Куманово до Гевегелија. Патарините кои се на тој коридор веќе се подготвени за користење на М-Смарт картичките.

- Advertisement -

Граѓаните на Србија ќе ги задржат тие картички и понатаму за секој влез во нашата земја ќе можат да ги надополнуваат со кредит од најмалку 300 денари преку системот e-Сard.

Владата ја донесе оваа одлука во знак на благодарност за донациите од вакцини на Србија за нашите граѓани, како и поради бесплатните вакцинирање во Србија. Оваа одлука на владата ќе важи до 15 август.

- Advertisement -

(фото: etc.roads.org.mk)

Сподели!
- Advertisement -