Се очекуваат рекордни 150.000 тони преспанско јаболко

- Advertisement -
Околу 150.000 тони јаболко се очекуваат од годинашниов род на преспанското јаболко, рече Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен, на почетокот на бербата што традиционално почнува на верскиот празник Крстовден.
Јаболкото во Преспа е застапено на околу 4.000 хектари. Капацитетите на општинскиот дистрибутивен центар се 5.000 тони јаболка. Според проценките, потребни се уште два толкави капацитети.

Во рамките на 18-тиот „Преспански јаболкобер” на градскиот плоштад „Цар Самоил” во Ресен има и саем на земјоделска механизација, ликовна работилница насловена „Јаболко на хартија” и презентација на традиционална кујна.

Instore.mk
Сподели!
- Advertisement -