National Geographic официјално го призна петтиот океан на Земјата

- Advertisement -

До овој месец National Geographic признаваше четири океани на нашата планета – Арктички, Атлантски, Индиски и Тихи Океан, а од минатата недела признаа уште еден – Јужниот Океан. Тој океан целосно го опкружува Антарктикот и се протега северно од Антарктикот до 60 степени јужна географска ширина, а е поврзан со Атлантскиот, Индискиот и Тихиот Океан.

Јужниот Океан долго време беше признаен меѓу научниците, но бидејќи немаше меѓународен договор, никогаш официјално не беше признаен. Научниците веќе над 20 години го признаваат петтиот океан и во 2000 година географите на Меѓународната хидрографска организација

- Advertisement -

Океанот е поладен и помалку солен во однос на водата на северот поради Антарктичката циркумполарна струја, односно ладна морска струја која се движи од запад кон исток, а научниците сметаат дека настанала пред 34 милиони години, кога просторот на денешниот Антарктик се одвоил од Јужна Америка.

За Јужниот Океан велат и дека е витална компонентна за променливата клима на Земјата и дека струјата во океанот е единствената која корирсти вода од три океани кои ја опкружуваат за пренос на топлина ширум планетата.

- Advertisement -

Најголемата промена со нивната одлука за признавање на петтиот океан ќе биде во образованието – учениците ќе учат за океаните преку оеканите кои ги проучуваат. Ако во тоа не го вклучат Јужниот Океан, тогаш нема да ги научите неговите специфичности и колку е битен за целата планета.

(Live Science)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -