Boeing гради систем од сателити за вселенски интернет

- Advertisement -

Во орбитата на Земјата ќе биде лансирана уште една констелација од сателити кои ќе бидат конкуренција на Starlink на Илон Маск, OneWeb и можеби на идната сателитска мрежа на Amazon.

Дали тоа ќе доведе со тоа Земјата еден ден да добие прстен како Сатурн допрва ќе видиме, но со оглед на тоа дека FCC (Американската федерална комисија за комуникација) штотуку му даде дозвола на Boeing за изградба на сателитска мрежа за широкопојасен интернет, на нашето небо можеби повеќе нема да ги разликуваме ѕвездите и планетите од НЛО и сателити.

- Advertisement -

Од Boeing уште не откриваат кога ќе почнат да ги лансираат сателитите, но намерата им е во ниската орбита на Земјата да испратат 132 сателити кои ќе летаат на висина од 1.055 км, како и 15 геостационарни кои ќе се најдат на висина од 27.358 и 44.256 км.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -