Google и Apple ги прифатија криптовалутите како средство за плаќање

- Advertisement -

Корисниците на Google и Apple ќе можат да вршат трансакции во криптовалути благодарение на партнерство со компанијата Coinbase, која нуди купувањ еи продажба на криптовалути. Тие сега можат да ја додадат Coinbase картичката во своите опции за мобилно плаќање, што значи дека производите и услугите можат да ги купат преку паметен телефон со криптовалути како биткоин, етереум, доџкоин и слично.

За да добиете картичка мора да појдете на официјалната страница Coinbase за да се најдете на листата на чекање. За да ги поттикне кориснците да го додадат во дигиталните паричници Coinbase најави до 4% крипто награди за оние кои ја користат картичката во услугите за плаќање на Google и Apple.

- Advertisement -

Дали корисниците навистина можат да плаќаат во критповалути? И да и не. Вистината е дека Coinbase ги конвертира криптовалутите во легално средство за плаќање како долари. Односно, кога корисниците ќе купат нешто или ќе подигнат пари од банкомат, компанијата ќе ги претвори дигиталните пари во долари.

Компанијата предупредува дека тоа подразбира плаќање такса или провизија во согласност со видот на трансакцијата која ја извршил корисникот. Со други зборови, плаќате со криптовалути, но трговците уплатата ја добиваат во важечка легална валута.

- Advertisement -

Засега оваа функција е достапна само во САД и е ограничена само на избрани корисници од страна на Google и Apple.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -