Од бизнис идеја до стартап во три месеци – Отворен е нов повик за инкубаторскта програма на Стартап Клуб Скопје

- Advertisement -

Startup Club Skopje го отвори новиот повик за четвртото издание на инкубаторската програма #ИмамИдеја4, насочена кон сите кои имаат иновативна бизнис идеја и желба да ја претворат во одржлив стартап. Апликациите се веќе отворени и достапни на следниот линк: Форма за аплицирање.

Во текот на тримесечната програма, избраните тимови ќе работат со искусни ментори и основачи на успешни компании, со цел да го креираат и усовршат својот MVP (Minimum Viable Product) првата функционална верзија на продуктот, и да стигнат до првите платени корисници или клиенти.

- Advertisement -

Програмата #ИмамИдеја досега привлече над 400 апликации, од кои 43 стартапи станаа дел од трите генерации. Голем дел од нив продолжија да се развиваат преку интернационални и регионални програми, добија менторска поддршка од глобални експерти, а дел од нив обезбедија и рани инвестиции од бизнис ангели и донори од мрежата на Startup Club Skopje.

И оваа година, од сите пристигнати апликации ќе бидат избрани 30 идеи кои ќе имаат можност да ги претстават своите идеи за време на Startup Revolution AI Summit – најголемиот настан за стартапи и вештачка интелегенција во регионот, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Македонската филхармонија во Скопје. Самитот ќе обедини над 2.000 учесници од Балканот и Европа, интернационални ментори и основачи на некои од најбрзо растечките стартап компании како PostHog, Preply, Make, Lovable, Wonderful AI и TerraSpark.

- Advertisement -

Учесниците во претселекцијата ќе добијат пристап до врвни ментори, можност за вмрежување и средби „позади сцената“, како и директен контакт со инвеститори и експерти кои активно градат и скалираат стартапи на глобално ниво.

По селекцискиот процес, најдобрите 15 тимови ќе станат дел од тримесечната инкубаторска програма #ИмамИдеја4, каде ќе добијат поддршка во вредност од 20.000 евра по тим, пристап до најнови AI алатки, интензивна обука, практични работилници и директен пристап до инвеститорска мрежа. Програмата завршува со Demo Day, каде тимовите ќе ги презентираат своите стартапи пред инвеститори и потенцијални партнери.

- Advertisement -

#ИмамИдеја4 претставува една и единствена програма од ваков вид и структура во земјата, која трета година по ред се реализира со поддршка од ПроКредит Банка, како стратешки партнер посветен на развојот на локалниот стартап екосистем и новата генерација претприемачи.

Повикот е отворен за сите, без ограничување на возраст, индустрија или број на членови во тимот. Потребни се само силна идеја, тим со капацитет да ја реализира и амбиција да се изгради продукт со глобален потенцијал.

Критериумите за избор вклучуваат квалитет на тимот, пазарен потенцијал, иновативност и користење или интеграција на вештачка интелигенција (AI).

Апликациите се отворени до 10 септември 2026 година до 23:00 часот.

Сите заинтересирани можат да аплицираат преку следниот линк: Форма за аплицирање.

Startup Club Skopje преку #ИмамИдеја продолжува да ја гради локалната стартап сцена со јасна мисија: стартапи да градат стартапи. Новиот повик е уште една можност за идните основачи да го направат првиот чекор кон создавање на следниот успешен стартап од регионот.

- Advertisement -