Се е подготвено за првата трка со летачки електрични болиди во светот

- Advertisement -


Пустините на Јужна Австралија се местото каде што беа тестирани првите протовипови на летачки електрични болиди пред да му бидат претставени на светот. Електричните болиди Airspeeder на прв поглед изгледаат како обични формули на Formule 1 или суперавтомобили, но за разлика од нив немаат тркала туку ротори кои им помагаат да полетуваат и да слетуваат вертикално, но и да постигнат голема брзина. Доволно е да споменеме дека динамичкиот потенцијал на болидите е поголем од потисокот на борбените авиони F15.

Прототипот на електричните летачки болиди успешно помина многу тестови под будното око на австралиските регулатори за цивилно воздухопловство. Фактот дека тестирањето поминало без проблеми значи дека се е подготвено за одржување на Grand Prix трката на беспилотни електрични летачки болиди. Трите меѓународни локации на кои своите сили ќе ги одмерат болидите допрва треба да бидат откриени.

- Advertisement -

Иако имаат предвидено место за пилот или возач, овие болиди засега ќе бидат празни. Компанијата која стои зад Airspeeder се надева дека овие болиди ќе привлечат пилоти од воздухопловната индустрија, возачи од мотоспортовите, но и е-спортисти кои уживаат во брзи трки. Во план е тие да управуваат со болидите од копното и тоа користејќи проширена реалност во која ќе бидат означени стазите.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -