Нов материјал може да го стиши звукот на авионите како да брчи фен за коса

- Advertisement -

Авионите создаваат голема бучава, но еден нов материјал може да промени се. Тим од научници создаде нов и неверојатно лесен материјал кој може да ги стиши моторите на авионите и да ја намали нивната гласност до 16 децибели. Тоа значи дека гласноста на моторите на авионите од 105 децибели ќе се сведе на бучавата на фен за коса.

Новиот изолациски материјал може да почне да се употребува за година и пол отсега, а научниците истакнуваат дека е многу лесен. Се состои од графен оксид и поливинил алкохол, а неговата тежина по кубен метар изнесува само 2,1 кг. Тоа значи дека е многу полесен во однос на другите материјали за звучна изолација.

- Advertisement -

Материјалот би бил дел од авионските мотори, а речиси не би имало зголемување на тежината на авионите. Научниците продолжуваат да работат на оптимизација на материјалот со надеж дека ќе ги подобрат неговите способности за пренесување на топлината, со што би се зголемила безбедноста на авионите и би се намалила потрошувачката на гориво.

Иновативниот материјал би можел да ја промени целата индустрија за авиони, но и да има силно влијание на други полиња. Следува тестирање со користење на вистински мотори од авиони, а во иднина би можел да се користи за мотори на хеликоптери, автоомобили и слично.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -