Научници во Велика Британија создадоа генетски модифицирани домати збогатени со аминокиселината L-DOPA, која е најефективниот третман за Паркинсонова болест.
Паркинсоновата болест предизвикува телото да престане да произведува хемиска состојка наречена допамин. Тоа резултира со грчење на мускулите и тремор затоа што нашето тело го користи допаминот за производство на киселината L-DOPA. Тоа, пак, ги ублажува симптомите на Паркинсоновата болест.
Најголем дел од киселината L-DOPA се добива синтетички, но поради високата цена од 2 долари за доза не можат да си ја дозволат многу жители на земјите во развој.
Од друга страна, генетски модифицираните домати може да се одгледуваат лесно и евтино во многу делови од светот. Во светот моментално има над 6 милиони луѓе болни од Паркинсонова болест. Болеста е доста прогресивна и засега нема лек. Затоа, додека се пронајде лек овие домати може да го подобрат животот на многу луѓе во светот.
(World Economic Forum)
(фото: Pxhere)