Бројни награди за вината на тиквешките семејни винарии

- Advertisement -

Бројни награди освоија вината на семејни винарии од Тиквешко, при оценувањето во рамките на десеттиот Балкански интернационален вински натпревар што овојпат се одржа во Скопје,  информираат од Здружението „Тиквешки семејни винарии“.

Оттаму нагласуваат дека имале чест да бидат дел од големите вински семејства и звучни имиња од Балканот и пошироко. Од Здружението додаваат дека тиквешките семејни  винарии со своите вина учествувале во избор на најдобрите вина од Балканот, во конкуренција од 260 учесници и скоро 1.000 вина за дегустација. Притоа се здобиле со едно големо злато, шест сребра и исто толку бронзи.

- Advertisement -

-Од  десет награди големо злато што ги освоија македонските винарии, едно припаѓа на семејната винарија „Попови“ од Кавадарци за „кабернесовињон барик“. Попови освои и две сребра, за нивната „темјаника“ и „вранец“. Винаријата „Ерос“ освои две сребра,  за „вранец“ и „шардоне“,  а бронза за „жилавка“. Ристо Мијов доби сребро за виното „на Ице Пловдина“  и бронза за „вранец“. Сребро во специјална категорија освои Елена Богева за виното „gold honey wine“, соопшти  претседателот на Здружението, Горан Јаковлевски.

Сeмејните винарии на Горан Јаковлевски  и подрум „Параџик“ освоиле бронза за своите вина „вранец“, а Иванов Подрум за „Розе станушина македонско девојче“.

- Advertisement -

-Виното „Максимилијан“ на истоимената винарница освои исто така бронза. Сите овие награди се голем успех, а секако и сигурно  признание дека нашите вина се со одличен квалитет. Следниот ваков натпревар е во Атина 2022 година, а ние со овие награди имаме поголем мотивза бербата што ни следува, информира Јаковлевски.

Сподели!
- Advertisement -