Ресторанот Crust на Македонецот Климе Ковачевски во Мајами ја почна годината со нови успеси

- Advertisement -

Пред одреден период можевме да прочитаме за неверојатниот успех кој Македонецот Климе Ковачески го постигна со неговиот ресторан во Мајами, заедно со неговата сопруга Анита Ковачески. Crust годинава продолжува да го привлекува вниманието на јавноста во САД и ќе се најде на насловната страница на американското списание PMQ Pizza Magazine за април

Ресторанот Crust минатата година се најде меѓу најдобрите 100 ресторани во САД на листата наречена Open Table’s 100 Best Restaurants in America. За ресторанот беше посветена и цела страница рецензија во познатиот американски весник Wall Street Journal, a се уште е место број еден за јадење во Мајами според сајтот за организирање патувања TripAdvisor.

Станува збор за модерен ресторан кој служи италијанска храна. Климе Ковачески е шеф – ветеран за фино јадење, а својот ресторан во Мајами го отвори во 2015 година и оттогаш е еден од најомилените ресторани во градот.

Crust годинава продолжува да го привлекува вниманието на јавноста во САД и ќе се најде на насловната страница на американското списание PMQ Pizza Magazine за април. Еве што велат гордите сопственици Климе и Анита Ковачески за оваа чест што им се укажува.
„Има пицерии кои постојат две, три, четири генерации и заслужуваат да им биде укажана ваква чест, но она што го прави CRUST посебен е тоа што истовремено функционираме и како пицерија и како прочуен и елитен ресторан и држиме високи стандарди и во двете работи“ вели брачниот пар.
Рик Хинум, главен и одговорен уредник на PMQ Pizza Magazine (pmq.com), наведува и неколку други причини за посебноста на овој ресторан: „Crust го следиме речиси уште од отворањето. Климе кулинарски гениј, додека Анита ги пречекува сите посетители со својот шарм и топлина. Заедно тие се мајстори во менаџирањето и маркетингот со ресторанот и токму затоа се толку доминантен брачен пар во иднустријата за пица и идеална тема за насловната страница на PMQ. Возбудени сме и чест ни е што можеме да пишуваме за нив и со нетрпение очекуваме што наредно ќе ни донесат“.
Се ближи тригодишнината од постоењето на Crust, а ресторанот ќе ја дочека со надградена кујна, редизајнирана трпезариска просторија и ново дизајниран дел за јадење на отворено.
Сподели!
- Advertisement -