ВИДЕО: Роботите на Toyotа се се поснаодливи во домовите

- Advertisement -

Роботите станаа многу поуспешни во изведувањето на сложени задачи и сега можат да ракуваат и со провидни предмети. Истражувачкиот институт TRI на Toyota се пофали дека направиле уште еден чекор напред во развојот на своите роботи, на кои им е овозможено да вршат сложени задачи во домот.

Од TRI велат дека успеале да ги научат да разбираат и да преземат активности во сложени ситуации кои збунуваат многу други роботи, што вклучува и ракување со проѕирни и рефлектирачки површини.

- Advertisement -

Нивниот нов систем на машинско учење им овозможува на роботите да работат во разни видови и конфигурации на домови, да се снаоѓаат во сложена средина и прецизно да ракуваат со предмети со различна форма и цврстина.

„Целта ни е да развиеме способности кај роботите кои се засилуваат, а не да ги замениме човечките способности. Обуката на роботите за работа во домови е посебен предизвик поради разноликоста и сложеноста на нашите домови каде што малите задачи може да претставуваат голем предизвик“ велат од TRI.

- Advertisement -

За да го совладаат тој предизвик роботичарите од TRI развија нова метода на обучување за роботите да откриваат 3Д геометрија на сцената, истовремено да откриваат предмети и површини. Оваа комбинација на истражувачите им овозможува употреба на голема количина синтетички податоци за обука на системите.

Иако ова можеби не ви се чини како посебно значајно достигнување, од TRI велат дека претставува голем напредок кој на роботите им овозможува брзо учење на околината во која се наоѓаат.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -