Microsoft му се приклучи на Apple во ексклузивниот клуб на компании вредни 2 трилиони долари

- Advertisement -

Услугите во облак на Microsoft ги задоволија сите потреби на корисниците за време на пандемијата. Тоа придонесе за Microsoft да стане втората компанија во САД која достигна пазарна вредност од 2 трилиони долари на 22 јуни годинава. Претходно Apple Inc. беше единствената американска компанија која го достигна тој праг, а нафтениот гигант Saudi Aramco ја достигна таа вредност во декември 2019 година, но оттгоаш досега забележа пад на вредноста.

На Microsoft му беа потребни 33 години за да достигне вредност од 2 трилион долари во 2019 година, а за две години додаде уште еден трилион. Карантините и работењето од дома во текот на пандемијата на КОВИД-19 придонеоса за тоа. Вредноста на акциите на Microsoft порасна за 64% од март минатата година. Рестрикциите во текот на пандемијата ги принудија луѓето да седат дома, каде што поминуваа се повеќе време на телефони, компјутери и други уреди за учење, работа, забава и за одржување контакт со пријателите и семејството.

- Advertisement -

Побарувачката за производите и услугите во облак на Microsoft се повеќе расте, а продажбата се зголемува за 19% годишно до март годинава. Како што луѓето се враќаат во физичките канцеларии, Microsoft работи на нови иновативни решенија за подобрување на балансот меѓу приватниот и професионалниот живот. Како што објави извршниот директор на компанијата, Сатја Надела, Microsoft наскоро ќе ја објави најбитната надградба на Windows за оваа деценија.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -