Наскоро ќе биде одобрен првиот лек во светот кој го забавува развојот на Алцхајмеровата болест

- Advertisement -

„Адуканумаб“, првиот лек за кој се тврди дека го забавува развојот на Ацхајмеровата болест, може да биде достапен на пазарот до 2022 година ако го одобрат регулаторните тела во САД. Од американската фармацевтска компанија Biogen, која веќе долго време работи на развојот на овој лек, велат дека „адуканумаб“ може да стане првиот лек кој ќе го забавува развојот на Алцхајмеровата болест во рана фаза.

Управата на Biogen се надева дека во текот на овој месец ќе добие зелено светло од регулаторните тела и истовремено напоменуваат дека лекот не ја лекува болеста, туку само го забавува влошувањето на состојбата на пациентот, зачувувајќи ја нивната меморија и способноста за снаоѓање во секојдневниот живот.

- Advertisement -

Американската агенција за храна и лекови денес треба да донесе одлука за тоа дали ќе ја одобри употребата на „адуканумаб“, а лекот потоа до почетокот на есента може да биде одобрен и во Велика Британија.

Д-р Сузан Колас, раководител на одделот за истражување во британскиот центар Alzheimer’s Research, рече дека навистина е битно да се установи како ќе поминат првите терапии кои влијаат на развојот на болеста и дека потенцијалното лекување со овој лек дава голема надеж.

- Advertisement -

Деменцијата предизвикува континуирано пропаѓање на функциите на мозокот, што може да влијае на памтењето, брзината на размислување, говорот, расположението и движењето. Целта на „адуканумаб“, кој го разви компанијата Biogen од Масачусетс, е да придонесе за чистење на штетните насобрани протеини наречени бета-амилоиди од мозокот.

Поточно „адуканумаб“ го таргетира протеинот амилоид, кој формира големи наслаги во мозокот кај луѓето кои боледуваат од Алцхајмерова болест. Научниците веруваат дека тие наслаги се токсични за мозочните клетки и дека нивното отстранување со помош на овој лек е голем чекор напред во лекувањето на болеста, но не и целосно излекување на деменција.

- Advertisement -

(Al Jazeera)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -