Во Париз се отвора пицерија во која пиците ќе ги прават роботи

- Advertisement -

Во некои ресторани во светот веќе се „вработени“ роботи кои ги услужуваат гостите, а храна и пијалаци може да се нарачаат преки QR кодови, посебни апликации и киосци за дигитално нарачување. Кај сите тие решенија заедничко е што технологијата ги замени луѓето. На многумина тоа не им се допаѓа и сакаат да ги услужуваат луѓе од крв и месо, но поради недостаток од работна сила или поради желба за иновации изгледа дека во иднина се почесто ќе наидуваме на технолошки решенија во кафулиња и ресторани.

Едно такво решение беше претставено во Париз во пшицеријата Pazzi, која се наоѓа во центарот на градот. Тоа е пицерија во која нема пица мајстори, туку за подготовка на пиците се задолжени роботи.

- Advertisement -

Постапката на нарачување и приготвување на пиците е едноставна. После дигиталната нарачка роботски раце веднаш се фрлаат на работа, а бидејќи се наоѓаат зад провидно стакло, купувачите можат да го следат целиот процес. За само 5 минути се меси тесто, се става кечап и останати состојки. Потоа пицата оди во печка, а кога ќе биде готова, роботските раце ја ставаат во кутија за пица и ја предаваат на купувачот. Целиот процес трае само околу 5 минути, а во текот на еден час роботот може да направи дури 80 пици. Цената на една пица изнесува од 7 до 13,60 евра.

Во ресторанот нема да има само роботи, туку и луѓе, но тие нема да учествуваат во процесот на приготвување на пиците. Тие ќе бидат задолжени за местење на масите во ресторанот, за помош при нарачките итн.

- Advertisement -

(Euronews)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -