Џиновска комета се движи кон Земјата и е најголемата која сме ја виделе досега. Кометата ја открија астрономи од Универзитетот Пенсилванија, Педро Бернандинели и Гери Бернштајн. Сега кометата го носи името по нив.
Астрономите шпекулираат дека кометата Бернандинели-Бернштајн е долга 100-200 км, односно 1.000 пати поголема отколку типична комета. Астрономите велат и дека таа веројатно била исфрлена на почетокот од постоењето на планетите во т.н. Орт облак од мали ледени тела кои го обвиваат Соларниот систем. Кометата, исто така позната како C/2014 UN271, беше забележана благодарение на податоци од Dark Energy Survey (DES) при што се користел специјален телескоп од Интерамериканската опсерваторија Серо Тололо во Чиле, чија цел била да направи фотографии од далечни небесни тела во црвениот дел од видливиот спектар.
Кометата Бернандинели-Бернштајн моментално е многу поблиску до Сонцетот отколку кога прв пат беше забележана во 2014 година. Астрономите проценуваат дека ќе ја достигне најблиската точка до Сонцето во 2031 година, но ништо не е 100% сигурно.
Кометите имат непредвидливо однесување и затоа е многу тешко да се знае како ќе се движи. Понатаму, иако е џиновска комета, како што велат астрономите, нема да се приближи доволно до Сонцето за да може да се види со голо око. Сепак, сите што ќе сакаат да ја видат, ќе можат да ја видат дури и преку аматерски телескоп.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)