Поради забрана за собирање во поголеми групи, откажан и меѓународниот саем за автомобили во Женева

- Advertisement -

Традиционалниот Меѓународен саем за автомобили во Женева, кој требаше да се одржи од 5 до 15 март, и официјално е откажан. Но, не поради страв од корона вирусот, односно тоа не е директната причина.

Имено, швајцарската федерална влада одлучи да воведе забрана за групирање на повеќе од 1.000 луѓе за да се спречи ширењето на корона вирусот. Бидејќи одлуката стапува на сила веднаш и трае до 15 март, организаторите на шоуто се одлучија да презеат драстични мерки.

- Advertisement -

Жал ни е поради целата ситуација, но здравјето на нашите посетители и излагачи ни е приоритет. Ова е случај на виша сила и огромна загуба за производителите кои инвестирале огромни средства во своето присуство во Женева. Но, уверени сме дека ќе ја разберат оваа одлука“ истакнаа организаторите.

Тие порачаа дека се свесни дека финансиската штета поради откажувањето на саемот ќе биде огромна, но и дека ќе бидат вратени парите на сите кои купиле билети. И Мате Римац со своите автомобили требаше да учествува на саемот и да ја презентира конечната верзија на C_Two и неговото официјално име.

Сподели!
- Advertisement -