37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Менхетен добива самоодржлив пловечки кампус

Kabtel desktop

Пандемијата на корона вирусот ги натера луѓето да размислуваат повеќе иновативно, да се фокусираат на одржливоста. Една компанија, 3deluxe, одлучи да направи проект на Менхетен кој ги истакнува тие вредности. Имено, Менхетен ќе добие самоодржлив пловечки и еколошки кампус, кој ќе создава сопствена енергија и вода.

„После шокантната епидемија и социјалната поларизација изминатите години, постои желба за позитивна продажба. Време е архитектурата и урбанизмот да заземат поамбициозен пристап во хуманизацијата на нашиот животен простор“ изјави директорот на компанијата 3deluxe, Дитер Брел.

Кампусот ќе биде комуникативна платформа која ќе го штити целиот живот на копното и морето и ќе ги поместува границите на дизајнот, додава тој.

Креаторите на платформата веруваат дека ваквите градби мора да враќаат во општеството и природата толку колку што земаат, пша затоа пловчкиот кампус ќе користи најнова технологија за прочистување на воздухот и ќе има електрани на ветар, фотонапонски системи, морски електрани и биореактори за да се осигура што помала емисија на гасови и целосна самоодржливост. Тоа значи дека платформата ќе ја произведува сета потребна енергија и вода и нема да зема ништо од планетата што не може да го врати назад.

Освен тоа, платформата е заштитена од растечкото ниво на морето. Во иднина ако жителите на Менхетен одлучат дека сакаат повеќе простор, структурата може да се прошири. Од компанијата 3deluxe структурата ја нарекуваат платформа со став кон релевантните социјални прашања како што е заштитата на климата, природата, заедничката одговорност, отвореноста и транспарентноста.

(Klix.ba)

(фото: Vimeo)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •