Јужнокорејски професор направи веце школка која ви плаќа криптовалути за секое користење

- Advertisement -

Што би рекле кога некој би ви кажал дека можете да „рударите“ биткоин додека сте во веце? Иако звучи како некоја измислица, токму тоа е возможно во Јужна Кореја. Нацијата која е една од тие што предничат по својата иновативност сега на јужнокорејскиот универзитет постави еколошка веце школка која ви плаќа со дигитална валута за секое користење.

Тоа е специјална школка која е поврзана со лабораторија која го искористува изметот од луѓето за производство на биогориво, кое потоа се користи како извор на енергија за универзитетот. Кога веце школката се користи вакуум пумпа го испраќа изметот во подземни садови. На тој начин се намалува и количината отпадна вода, а изметот се разградува до метан со користење на микроорганизми. Тој метан потоа се користи како извор на енергија за болјери за вода, за печки на гас или за гориво.

- Advertisement -

Веце школката се вика Beevi, a ја дизајнираше професорот по инженеринг за заштита на околината на Националниот институт за наука и технологија Улсан, Чо Јае-вон. Јае-вон вели дека ако се размислува надвор од некои рамки, изметот има драгоцена вредност која може да се искористи за производство на енергија. Тој појасни дека просечен човек дневно исфрла околу 500 гр измет, што може да се претвори во 50 литри метан. Понатаму, Јае-вон вели дека тој гас може да произведе 0,5 kWh електрична енергија, односно може да помогне еден автомобил да се движи 1,2 км.

На поединците кои ја користат школката Beevi нејзиниот систем им дава надомест во форма на криптовалути кои се викаат Ggool (мед на корејски). Секој поединец што ја корист школката може да заработи 10 Ggool-а дневно, а може да ги искористи за да купи нешто на самиот кампус. Се што треба да направи е да го скенира QR кодот за да плати со криптовалута.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -