Airbnb го изнајмува првиот 3Д печатен дом на платформата

- Advertisement -


Компанијата Fibonacci House го листираше првиот целосно 3Д печатен дом на Airbnb. Куќата се наоѓа во многу популарна област во Проктер Поинт, Нелсон, Канада, а била направена за само 11 дена. Во неа може да се сместат двајца возрасни и две деца на површина од 35 квадратни метри. Куќата има и дневна соба, целосно функционална кујна и бања.

Тоа е првиот 3Д печатен дом во Канада и е пример за тоа до каде стигна развојот на 3Д печатењето. Заоблениот дизајн е резултат на предизвикот да се направи надворешна форма со што помалку остри рабови. Но, тоа не е само естетски момент, туку формата овозможува поголема енергетска ефикасност.

- Advertisement -

За печатењето на проектот биле користени производи на градежната компанија Twente Additive Manufacturing, која има седишта во Канада, Германија и наскоро и во Дубаи.

Можеби најуникатниот апсект од проектот е тоа дека сите приходи од изнајмувањето на Airbnb ќе одат за World Housing, организација која гради домови за илјадници семејства во земјите во развој во целиот свет. Организацијата сега сака да гради 3Д печатени домови за самохрани мајки и нивните деца во Канада. Проектот ќе се вика Sakura Place и ќе биде составен од повеќе трисобни домови кои заедно ќе формираат листови од цвет на цреша.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Twente Additive Manufacturing)

Сподели!
- Advertisement -