За колку е продаден најскапиот бургер во светот?

- Advertisement -

Како дел од хуманитарна кампања, минатата недела бил продаден најскапиот бургер во светот по цена од 5.000 евра.

Луксузниот бургер наречен “Златното момче” доаѓа со состојки како јапонско вагју говедско месо, аљаскански кралски рак, белуга кавијар и бел тарфут, помеѓу лепчиња покриени со златна фолија.

- Advertisement -

Бургерот бил создаден од готвачот Роберт Јан де Вин од ресторанот за брза храна De Daltons од Холандија. Бургерот бил купен, а потоа изеден со раце, од Роберт Вилемс, претседател на Холандската кралска асоцијација за храна и пијалоци.

Јан де Вин посветил пет месеци на осмислување на пефектниот рецепт, а потрошил девет часа за да го создаде бургерот во неговата финална форма. Парите од продажбата на бургерот ќе бидат донирани за обезбедување на 1000 оброци за луѓе кои имаат најмногу потреба од нив.

- Advertisement -

Луксузниот бургер нема да биде последниот ваков производ во хуманитарната кампања на Јан де Вин, кој ја повика јавноста да даде свои идеи и предлози за слични рецепти.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -