Безос и нуди 2 милијарди долари на НАСА за да му дозволат повторно да се „трка“ до Месечината

- Advertisement -

Основачот на Amazon, Џеф Безoс повторно се обидува да склучи договор со американската вселенска агенција НАСА откако неговата компанија Blue Origin изгуби на натпреварот за изградба на првото комерцијално летало за слетување на Месечината.

Во отворено писмо до директорот на НАСА, Безос понуди 2 милијарди дoлари за покривање на трошоците на НАСА годинава и во текот на наредните две години за развој и производство на месечев лендер ако на неговата компанија и дозволат повторно да се „трка“ со Илон Маск и неговата компанија SpaceX.

- Advertisement -

Засега нема јавен коментар на НАСА. Во април вселенската агенција додели 2,9 милијарди долари на Илон Маск и на неговата компанија SpaceX и со тоа ја одби Blue Origin на Безос. Станува збор за договор за развој и производство на летало за слетување на астронаути на Месечината на почетокот на 2024 година.

НАСА претходно ја избра SpaceX поради докажано успешните мисии и најповолната понуда. Според планот, цилиндричната ракета на SpaceX, Starship, ќе ги одведе астронаутите на НАСА на првата мисија на Месечината после Apollо 17, кој беше лансиран во 1972 година. Договорот со SpaceX е дел од програмата Artemis на НАСА.

- Advertisement -

Враќањето на астронаутите на Месечината во 2024 година се смета за отскочна даска за првата човечка мисија на Марс. Мисијата на НАСА вклучува четворица астронаути кои со вселенското Оrion на НАСА ќе бидат лансирани во орбитата на Месечината, а потоа двајца асстронаути ќе се префрлат на лендерот на SpaceX за завршното патување до Месечината. Тие ќе ја истражуваат површината на Месечината околу една недела и потоа ќе се вратат на Земјата.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -