ЕУ го отфрли барањето за суспендирање на новите биометриски проверки – признава проблеми на 20 локации

- Advertisement -

ЕУ ги отфрли повиците од аеродромите и авиокомпаниите за одложување на воведувањето на новите гранични контроли, што вклучуваат земање отпечатоци од прсти и препознавање на лица, иако признава дека постојат 20 проблематични области поврзани со долгите чекања, објавува The Guardian.

Само една недела пред почетокот на главната летна туристичка сезона претставниците на ЕУ изјавија дека новиот систем за влез/излез (EES) „не е совршен“, но и потенцираа на туристичката индустрија дека целосното суспендирање на неговото спроведување „не е потребно“ и „не е можно”.

- Advertisement -

Според EES, патниците кои не се членки на ЕУ мора да ги регистрираат своите отпечатоци од прсти и фотографии од лицето кога првпат ќе влезат во Шенген зоната, а потоа нивните биометриски податоци се проверуваат секој пат кога ќе ја напуштат и повторно ќе влезат во Шенген зоната.

Претставниците на авиокомпаниите и аеродромите, како и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) минатата недела побараа новите контроли да бидат суспендирани до следното лето, плашејќи се од хаос на популарните туристички дестинации за време на празничната сезона.

- Advertisement -

IATA соопшти дека патниците веќе страдаат од доцнења и пропуштени летови во Португалија, Шпанија, Италија, Грција и Белгија, додека Ryanair минатата недела предупреди на хаос поради редици на аеродромите, вклучувајќи ги и популарните туристички дестинации како Аликанте, Малага и Палма.

Сепак, претставниците на ЕУ велат дека не е можно системот да биде активен во некои земји, велат тие, а не во други, бидејќи тоа би довело до неповолна ситуација каде што патниците би биле заглавени на граничните премини.

- Advertisement -

Службениците изјавија дека од вкупно 1.500 гранични премини, само 20 се „проблематични места“ и дека ова би извршило притисок врз земјите-членки одговорни за нив да воведат мерки за намалување на товарот и ублажување на проблемите.

Службениците изјавија дека Лисабон веќе го олеснил застојот со вработување дополнителен персонал, додека 50 нови службеници од европската гранична агенција Фронтекс се вработени на аеродромот во Брисел.

Според новите правила на ЕЕS, аеродромите и пристаништата можат привремено да го суспендираат системот ако редовите станат неуправливи, но тоа ослободување треба да истече во септември.

Досега ниту една земја-членка не побарала продолжување на суспензијата по септември, барање поддржано од туристичката индустрија.

Службениците на ЕУ открилja дека најчестата причина за одбивање на влез е недостаток на соодветно оправдување за посетата или престојот. Втората најголема група на која ѝ е одбиен влез, околу 9.000 луѓе, биле патници кои го пречекориле својот 90-дневен престој.

Повеќе од 1.000 луѓе биле запрени на границата бидејќи „се сметале за закана за внатрешната безбедност“, додека околу 300 луѓе биле фатени со фалсификувани пасоши или патни документи.

(N1)

- Advertisement -