Д-р Билал Суџубаши: Една деценија креираме успешна приказна благодарение на многу работа, иновативност и посветеност на луѓето!

- Advertisement -

Интервју на д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје за Иновативност

„Развој, раст, иновативнот, напредок, многу работа и посветеност на за нас најважното – луѓето“. Вака главниот извршен директор на Халкбанк го сублимира одговорот на прашањето на што се должи успехот кој Банката го оствари во изминативе 10 години. За една деценија присуство на македонскиот финансиски пазар, Халкбанк успеа зад себе да остави етаблирани банки, да стане најбрзорастечка банка и да влезе во кругот на петте најголеми банки во земјава, прераснувајќи во силен бренд. Со господинот Суџубаши освен за евидентниот успех на Халкбанк, зборуваме и за општествената одговорност и грижата за заедницата по која е препознатлива Банката, за одржливоста како корпоративна политика, за иновативноста во работењето и грижата за животната средина, сето тоа во светло на јубилејот – 10 години Халкбанк на македонскиот пазар.

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

2021 e годината кога Халкбанк слави 10-годишен јубилеј на македонскиот пазар. Целокупниот акцент притоа е ставен директно на луѓето, индиректно на креативноста, иновативноста и проактивноста. Кажете ни нешто повеќе и за самиот јубилеј и за ваквиот пристап?

Точно една деценија нашата банка е присутна на македонскиот финансиски пазар и за овој период прерасна во силен бренд во банкарскиот сектор, се искачи на скалилото на успешноста оставајќи зад себе етаблирани банки и успеа да се вброи во првите пет најголеми банки во земјава. Уште од првиот ден кога Халкбанк АД Скопје дојде на македонскиот пазар, во центарот на своето работење ги ставивме луѓето како основно јадро во целокупното наше дејствување. Нашето мото „Важни се луѓето“ кое е и основа на нашето работење, подразбира грижа за вработените, грижа за нашите клиенти и деловни партнери и грижа за заедницата во која работиме.

- Advertisement -

Ваквата корпоративна платформа е и одговор на барањата на клиентите, кои од банката бараат стабилен партнер кому ќе му веруваат, каде што ќе се чувствуваат безбедно, каде што ќе бидат вреднувани нивните средства, но и нивното време, и истовремено ќе имаат личен, пријателски однос, без оглед на услугата што ја користат.

Ние во Халкбанк сме свесни дека нашиот еднодецениски успех го должиме на луѓето и следствено на тоа, во годината во која го одбележуваме овој значаен јубилеј, фокусот го насочивме кон славење на луѓето и нивните достигнувања. Главните протагонисти на кампањата по повод 10 години Халкбанк се десет херои од нашето општество, силно мотивирани, големи ентузијасти, храбри и полни со верба во себе, што успешно чекорат по патот на успехот и бестрашно се борат за исполнување на своите соништа.  Марко, Илина, Фејми, Лина, Александра, Ката, Јована, Софија, Горјан и Дрита се всушност централните ликови, дел од нашето секојдневие, коишто за оваа пригода ја раскажуваат својата приказна. Тие всушност симболично ги претставуваат и вредностите што ги одржуваме во нашата корпоративна култура и се репрезент на за нашето дејствување. А кампањата со која го прославуваме овој значаен јубилеј, како носечка порака ја има и довербата во луѓето во иднината, изразена преку охрабрувачкиот слоган – „Иднината е светла“.

- Advertisement -

Халкбанк е присутна 10 години на македонскиот пазар. Како би го сублимирале овој период?

Накратко – развој, раст, иновативност, напредок, многу работа и посветеност на за нас најважното – луѓето. Една деценија креираме успешна приказна, благодарение на нашите основни принципи по кои се водиме во сите сфери од банкарското работење и секако со поддршката што безрезервно ја добиваме од нашата матична банка Халкбанк АШ Турција. Благодарение на ова успеавме да станеме една од петте најголеми банки во земјава и да влеземе во категоријата системски значајни банки. И истовремено да бидеме најбрзорастечката банка во Северна Македонија и еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Она на што особено сме горди како банка е фактот дека сме промотор на воведување нови, модерни технологиии во банкарскиот сектор, а сето тоа со цел на клиентите да им овозможиме побрзо и поедноставно завршување на банкарските услуги. Ние ги антиципираме нивните потреби и реагираме соодветно со понуда на нови услуги.

Заложбите на секој од нас поединечно, но и како целина, посветеноста и свесноста за одговорностите што ги имаме како кон општеството, така и кон секој клиент посебно. И секако развиената корпоративна култура, го издигна нашиот тим на едно завидно ниво – еден од најдобрите на пазарот во однос на понуда на услуги и исполнување на барањата на клиентите. Од друга страна, пак, иновативните понуди, креирани како резултат на внимателно слушање и исполнување на потребите на клиентите, ни помагаат да бележиме од година во година сè попозитивни финансиски резултати.

Честопати во вашата комуникација може да се слушне терминот „одржлива иднина“. На што се однесува ваквиот став и визија за иднината?

Ние, како Халкбанк цврсто веруваме дека иднината е во одржливиот развој. Нашата стратегија за одржливост е изградена врз четири столба: успешна компанија и професионална извонредност, луѓе, животна средина и заедница. Оваа стратегија ги зема предвид социјалните и еколошките ризици и можности во нашето работење и активно придонесува кон порамномерен и поинклузивен економски и социјален систем и на тој начин ни помага да додадеме одржлива вредност на општеството. Ваквата политика при работењето е длабоко вкоренета во нашата корпоративна култура.

Одржливоста отсекогаш била основен принцип за Халкбанк и мерка за успех на компанијата и една од долгорочните цели за одржлив цврст раст и социјална благосостојба. Ние сме свесни дека усвојувањето на одржливи практики, без разлика дали се големи или мали, може да има значајни влијанија на долг рок. Дополнително, се стремиме да станеме поодржлива компанија со максимизирање на позитивното влијание што го имаме врз сите засегнати страни. Ние додаваме не само финансиска вредност на општеството туку и вредност преку нашето работење и услугите со кои им овозможуваме на нашите клиенти да усвојат поодржливи деловни практики и да создадат поодржливи производи, технологии и услуги.

Свесни сме дека во време кога светот започнува со координиран напор за поддршка на решавање итни проблеми од сите сфери на функционирањето на заедниците, банкарскиот сектор е тој што мора да креира и понуди иницијативи со цел да се ублажат негативните ефекти. Затоа, се фокусираме на инклузивен и оддржлив развој, пред сè со задоволување на сите потреби на нашите клиенти, помагање на претприемачите, што е индиректно и помош за отворање нови работни места, зајакнување на локалните економии, подобрување на финансиската моќ и поддршка на луѓето за да го добијат потребното образование и обука. Но и преку финансирање во обновливи извори на енергија, поддршка на паметна инфраструктура и технологија за справување со климатските промени (како што се агротехника и зелена технологија).

Со усвојување и имплементација на принципите на оддржлив развој во нашите стратегии, ние обезбедуваме начин нашите услуги и производи да одговараат на потребите на нашите клиенти, но и истовремено зачувуваме и нудиме можности и за идните генерации.

Глобал брендс магазин ја прогласи Халкбанк за „Најдобар финансиски бренд за 2021 година“. Со што всушност ја заслуживте оваа награда?  

Халкбанк од страна на престижното списание Глобал брендс (Global Brands Magazine), беше прогласена за „Best Financial Brand, Nort Maceronia 2021“. Морам нескромно да напоменам дека оваа награда ја добивме во многу конкурентска група на учесници. Сите од нив имаат демонстрирано единствена и исклучителна испорака на услуги кон развој на банкарскиот / финансискиот сектор. Но, Халкбанк беше препознаена како најдобар финансиски бренд поради исклучителната посветеност кон иновации, квалитет, активности за брендирање и добра комуникација, услуги на клиенти и општествена одговорност.

Ова признание следува како резултат на целокупниот перформанс и активности на нашата банка во изминатите 10 години и ја потврдува титулата – лидери во воведувањето нови технологии и услуги и ја искачува за скалило погоре долгогодишната професионалност во работењето, како и посветеноста и лојалноста кон клиентите.

Во изминативе години сме сведоци на иницијативи од ваша страна кои обединуваат иновативни технологии со иницијативи за општествена одговорност, како на пример мобилната апликација HalkEco која има меѓу другото за цел и засадување на зелени површини. Како резултат на што доаѓаат овие идеи?

Основна филозофија на нашата матична банка е преку корпоративна одговорност да се поддржува заедницата во која делуваме. И ние оваа филозофија максимално се трудиме да ја реализираме во Северна Македонија. Активно ги поддржуваме културата, спортот, а посебен акцент даваме на животната средина и на поттикнувањето здрави животни навики.

Халкбанк како прва еко банка ја разви мобилната апликација HalkEco која има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност, банката засадува дрвја. Банката преку вредни подароци и финансиски олеснувања за своите услуги што ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins при пешачење, трчање или возење велосипед, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт. Истовремено, на овој начин секој корисник на апликацијата обезедува и дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Во моментов бројот на засадени дрвја од страна на Халкбанк АД Скопје достигна над 27.000. Од првата акција за садење одржана на 26ти октомври 2019 година, во неколку наврати засадени се над 9.000 дрвја низ државата и тоа во околината на Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Богданци, и во реонот меѓу Битола и Демир Хисар. Дополнително, 8.000 дрвја од вкупниот број се засадени во Свети Николе, со средствата собрани од котизациите на учесниците во првата велосипедска хронометар трка во земјава Halk Velo Green.

Кажете нѝ од каде всушност произлегуваат најкреативните и најиновативни идеи во рамки на вашето работење? Со кои иновации најмногу се гордеете?

Халкбанк деловните активности сите овие години ги воспоставуваше согласно потребите на пазарот, ставајќи ги луѓето во преден план. Препознатливоста во иновативниот дел се темели на благовременото согледување на трендовите на дигитализацијата кои што во секој случај се во корелација со усовршување на услугата каде што брзината и времето на извршување е клучно за клиентот.

Она на што особено сме горди како банка е фактот дека сме промотор на воведување нови, модерни технологиии во банкарскиот сектор во земјата, а сето тоа со цел на клиентите да им овозможиме најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги. Ние промовираме, едуцираме и ја поддржуваме употребата на алтернативните канали за банкарско работење преку разни механизми. Удобноста, достапноста, ефикасноста и брзината при користењето на електронските и мобилните платформи се самите по себе доволни поттикнувачи за насочување на клиентите и кон дигиталното банкарство. Тоа истовремено е и пат кон постигнување на една од целите кон која треба да се стремиме, за „нула отпад“. Во Халкбанк перманентно се негува и политика на посветеност кон клиентите. И тоа се препознава како од самите клиенти, така и пошироко. Ние ги антиципираме нивните потреби и реагираме соодветно со понуда на нови услуги.

Секој нов производ кој го воведуваме не прави горди, бидејќи најчесто станува збор за иновативни производи кои за првпат се јавуваат на пазарот. На пример, покрај електронските и мобилни услуги, имаме нови и надградени ПОС терминали и АТМ каде е овозможена и опцијата за депонирање средства на својата сметка и сопствен центар за процесирање на картичките. За првпат на македонскиот пазар понудивме можност за бесконтактно плаќање, потоа бонус програма за кредитните картички, како и  опцијата „Smart Cash“ за повлекување готовина од автомат без користење картичка. Тука би ја споменал и апликацијата HalkPay со која мобилниот телефон станува паричник или GarminPay, со која може едноставно и брзо да се плаќа со Garmin часовник. И секако повторно апликацијата HalkEco која ја отсликува нашата корпоративна политика на грижа за природата.

Сведоци сме дека светот на бизнисот и претприемништвото сѐ повеќе се менуваат. Се појавуваат мали стартап фирми со иновативни идеи, кои тешко обезбедуваат банкарска поддршка. Каков е вашиот став по однос на ова и дали веќе разработувате финансиски инструменти наменети за оваа категорија?

Нашата банка е сериозен, стабилен и лојален партнер на граѓаните, стопанството и генерално на целото општество. Малите претпријатија, според нас, претставуваат камен-темелник на економијата и затоа, од влезот на македонскиот пазар како Халкбанк, наша таргет група е токму категоријата на микро, мали и средни претпријатија. Ова е став и на нашата матична банка која и во Турција е препознатлива како банка што ги поддржува, пред сè, ваквите компании.

Секаде во светот оваа категорија претприемачи потешко стига до финансии. Уште потешко сигурно е за стартап компании каде се кријат многу добри идеи кои доколку добијат поддршка можат да се развијат и да овозможат создавање силни компании. Впрочем, денес едни од најголемите компании во светот почнале само како идеја – Фејсбук, Пеј Пал, Амазон, еден Мајкрософт и многу други.

За оваа категорија компании соодветна за користење е нашата кредитна програма „Светла 10“ со чија помош може да се обезбеди сигурен раст и светла иднина на бизнисот. Средствата од ова линија можат да се искористат за обртни и основни средства, а производот е со каматна стапка од 3,10% годишно, со рок на отплата до 10 години и начин на враќање револвинг или во еднакви месечни ануитети. „Светла 10“ доаѓа и со 10% попуст на сите полиси издадени од Халк Осигурување.

Халкбанк дефинитивно е една од најактивните во сегментот на општествена одговорност со безброј иницијативи. Кажете нѝ нешто повеќе за ефектите од овие иницијативи и вашите идни планови?

Нашето мото „Важни се луѓето“ е основа на нашето работење. Навистина се трудиме да ја пренесеме пораката дека благодарение на луѓето, нашите вработени, клиенти, партнери, сме онаму каде што сме денес. Ова мото подразбира и грижа за заедницата во која работиме и го обележа нашето делување сите овие години.

Халкбанк перманентно дава поддршка на најразлични сегменти од секојдневниот живот. Ги поддржува спортот, културата, екологијата, а во 2020 година кога пандемијата со Ковид-19 удри силно по секој граѓанин и државата во целина, општествената одговорност на Банката дојде до вистински израз. Со стартот на пандемијата, а соодветно на одговорноста што како најбрзорастечка банка ја има кон државата, Халкбанк АД Скопје донесе низа мерки кои се однесуваа на државата и граѓаните. Не беше заборавено и стопанството за кое Халкбанк усвои мерки и подготви пакет производи кои ги сподели со своите клиенти – правни лица, почнувајќи од најмалите микро до корпоративните компании. Во фокусот се најдоа и некои други проекти кои значеа поддршка за граѓаните и компаниите.

Во овој кризен период Халкбанк ја прошири и платформата HalkEco која се разви од истоимената апликација. Преку неа беше реализирана и реконструкција на 19 мостови во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ Лептокарија, како и поддршка на кампањата за спречување на палењето на стрништа којашто ја спроведува Град Скопје. Во рамките на платформата беше и поддршката за ланската трка HalkEco Хронометар 10KM, годинешната HalkEco Скопје Трча 10КМ, како и организирањето од страна на нашата банка на велосипедската хронометар трка Halk Velo Green, која ќе се одржи и годинава на 8 септември во Маврово. Халкбанк стана и единствената банка од регионот која се вклучи во глобалната иницијатива на Mastercard, „Priceless Planet“.

Нашата општествена одговорност и посветеност на помош на заедницата се препознава од пошироката јавост. Со ваквата политика сигурно е дека ќе продолжиме и во иднина бидејќи тоа е основа на нашето корпоративно работење.

Сподели!
- Advertisement -