Компанијата Епл воведе нов систем во борбата против детската порнографија, како на своите сервери, така и на уредите на корисниците.
Тоа е систем за пронаоѓање слики за сексуална злоупотреба на деца (CSAM) зачувани на услугата iCloud во САД.
Новиот систем ќе открие CSAM на уредите на корисниците во САД користејќи т.н криптографско хакирање – претворање слики во уникатни броеви кои одговараат на одредена слика. Тоа е технологија која се обидува да одговара на веќе познатиот материјал за сексуална експлоатација на деца.
Системот работи споредувајќи фотографии со базата на податоци со познати слики за сексуална злоупотреба на деца, составена од Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД (NCMEC) и други организации за заштита на децата.
Епл тврди дека овој систем е повеќе приватен за корисниците отколку другите начини за елиминирање на нелегалната содржина со детска порнографија, бидејќи користи пософистицирана криптографија и на серверите на Епл и на уредите на корисниците.
Најавата на Епл дека ќе ги скенира американските Ајфони за фотографии со сексуална злоупотреба на деца наиде на одобрување од организациите за заштита на децата, но и загриженост дека владите би можеле да ја злоупотребат технологијата за да ги следат своите граѓани.