Русија поставува подморски кабел низ Арктикот

- Advertisement -

Русија почна со поставување на првиот подводен оптички комуникациски кабел низ Арктикот во рамките на државниот проект за снабдување на крајниот север со брз интернет. Москва настојува да ја подобри непостојаната комуникација и инфраструктурата на крајниот север, каде што го зголеми военото присуство и го развива Северниот морски пат за да стане главен поморски правец.

Проектот Polar Express, кој го спроведува државната компанија Morsviazsputnik, ќе обезбеди стабилен интернет за крајбрежните градови, полуостровот Камчатка и за островот Сахалин.

- Advertisement -

Директорот на компанијата за поставување кабли, Алексеј Стрлченко, изјави дека проектот чини 889 милиони долари и дека целосно го финансира државата. Кабелот е произведен во арктичкиот крајбрежен град Мурманск, а за изработка се употребени кинески оптички влакна и руски компоненти, додаде Стрелченко.

Во четвртокот од Мурманск исплови брод кој треба да почне со поставува на кабелот во близина на Териберк. Извршниот директор на Morsviazsputnika, андреј Куропјатников, наведе дека ќе бидат потребни дополнителни спојни кабли за поврзување со глобалната комуникациска кабелска мрежа, за што се потребни странски инвестиции.

- Advertisement -

Тоа подразбира партнерство во смисла на заеднички инвестиции за проектот да може да се прошири во Европа и во Азија. Тоа е посебен комерцијалн проект“, изјави Куропјатников.

Тој наведе дека во тек се разговори со компании од Азија, Европа и САД. Посебниот приватен проект, кој рускиот телекомуникациски оператор Megafon го водеше со финскиот инфраструктурен оператор Cinijo, е стопиран во мај, а на чекање е проектот Arktic konekt, вреден милијарда долари, кој ќе ги поврзува Хелсинки и Токио преку северниот дел на Русија.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Free Images Live)

Сподели!
- Advertisement -