Da Vinci DC100 го нарекуваат моторцикл-робот затоа што може сам да стои во место и автоматски спречува да паднете во ров. Компанијата Da Vinci Dynamics го претстави својот електричен моторцикл кој доаѓа со импресивен досег од 250 km со едно полнење на батеријата за градско возење и 180 км на автопат.
Моторциклот од 135 коњски сили може да забрза до 100 км/ч за 3-4 секунди, а батерискиот пакет од 17,7 kWh има поддршка за брзо полнење од 30 минути, со што ќе се наполни од 60% до 80%.
Има и ABS систем за кочење. Покрај тоа, има и можност за бавно возење наназад, додека веројатно најинтересна опција е системот за самобалансирање, кој препознава кога возачот се наведнува во кривина и автоматски врши корекција доколку процени дека возачот може да биде исфрлен надвор од тежиштето. Со тоа се спречува паѓање и лизгање.
Тука е и системот за помош при угорнини, како и автоматскиот систем за регенеративно кочење кој ја надополнува батеријата кога возите по удолнина и внимава случајно да не забрзате. Во една од наредните надградби на системот ќе се овозможи и целосно самобалансирање, што значи дека моторциклот ќе може сам да стои во место без да го потпирате или да го дигате на ногарки.
Da Vinci DC100 е достапен во претпродажба по основна цена од 27.500 долари, а на пазарот ќе се најде и луксузна верзија со цена од дури 90.000 долари.
Како изгледа возењето на овој моторцикл-робот може да видите од видеото во прилог.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)