Facebook Messenger повеќе не е најпреземана апликација во светот

- Advertisement -

Facebook Messenger повеќе не е најпреземаната апликација во светот, а од тронот ја симна нејзин конкурент. Од почетокот на истражувањата во 2018 година досега водечките места ги држеа апликации на Facebook, кој и понатаму доминира на листата, но годинава на врвот се најде ТikTok, кој во 2020 година беше најпреземаната апликација во светот.

Тоа го објави компанијата за дигитална аналитика App Annie. Кинеската платформа за размена на видеа е единствената апликација која не е сопственост на Facebook меѓу првите 5 на листата.

- Advertisement -

Сопственикот на TikTok, ByteDance, мултинационална компанија за интернет технологија со седиште во Пекинг, и во сопствената земја го држи првото место со апликацијата на кинески јазик Douyin, која е кинески пандан на TikTok, пренесува BBC.

Популарноста на TikTok продолжи да расте особено откако поранешниот американски претседател, Доналд Трампд, се обиде да ја забрани во САД. Од апликациите на Цукерберг меѓу првите пет, покрај Messenger, се и WhatsApp и Instagram.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -