Audi неделава го претстави концепт автомобилот наречен Skysphere. Автомобилот е електричен и доаѓа со автономна технологија, а она по што е посебен е тоа што може делумно да го менува обликот – каросеријата, но и внатрешноста.
Автомобилот има атрактивен дизајн со агресивни линии, а истиот дизајн продолжува и во внатрешноста, каде што доминира голема дигитална контролна плоча. Но, во зависност од начинот, односно видот на возење (Grand Touring или Sport mod), внатрешноста се менува со притискање на копче за само неколку секунди.
Имено, таа е прилагодена на класичен начин на возење каде што возачот управува со возилото и автоматско возење каде што возилото управува само. Во слулај возачот да сака да одмори и автоомобилот да вози сам, воланот, педалата за гас и кочницата исчезнуваат, односно се вовлекуваат во внатрешноста, додека дигиталната контролна плоча се оддалечува од предното седиште за тој што седи напред да има повеќе место.
Кога возачот пак ќе сака да преземе контрола, процесот е обратен и пред него се појавуваат воланот, педалата за гас и кочницата, а контролната плоча се доближува. Но, освен внатрешноста, се менува и надворешниот изглед на Skysphere. Кога е активиран спортскиот мод автомобилот е долг 4,94 метри, а кога ќе се активира Grand Touring автомобилот „пораснува“ за 25 см и должината тогаш изнесува 5,19 метри.
Што се однесува на самото возење, од Audi велат дека ќе има батерија од 80 kWh и досег од околу 500 км. Ќе го придвижува мотор од 623 кс, кој со 100 км на час ќе забрзува за 4 секунди.
(Elektrek)
(фото: YouTube)