Во Индија се отвори првото кафуле каде што плаќате со ѓубре наместо со пари

- Advertisement -

Индија го отвори првото „кафуле за ѓубре“ во градот Амбикапур во централната индиска држава Чатисгар. Иницијативата има за цел да помогне да се обезбеди храна за бездомниците и за сиромашнто население, додека истовремено се поттикнува народот да ги одржува улиците почисти. Во ова кафуле можете да добиете бесплатен оброк за секој килограм пластичен отпад што ќе го донесете или солиден појадок за 500 грама собран пластичен отпад.

Повеќе од половина од вкупно 1,4 милијарди жители на Индија живеат во сиромаштија, а многумина се борат за обезбеда храна за своите семејства. Индија има ниво на глад кое е класифицирано како сериозно според Глобалниот индекс на гладот од 2018 година. Исто така, земјата има проблем со пластичниот отпад затоа што секојдневно произведува по 26.000 тони пластичен отпад.

- Advertisement -

Вакви кафулиња веќе работат во некои делови од САД, во Европа, па дури и во Камбоџа, а многу кафулиња во светот и се направени исклучиво од пластичен отпад. Но, ова кафуле е посебно затоа што планира целиот собран пластичен отпад да го искористи за изградба на патишта во Амбикапур, кој се смета за вториот најчист град во Индија после Индор.

Амбикапур веќе има еден пат направен само од пластични кеси и асфалт. Не само што ова е одличен начин за реупотреба на пластичниот отпад за нешто продуктивно, туку овие патишта исто така се потрајни и поотпорни на поплави и други оштетувања од вода. Локалните власти се надеваат дека ќе може да го прошират проектот и во замена за пластичен отпад да им се обезбедува засолниште на бездомниците.

Сподели!
- Advertisement -