Дури 80% од луѓето кои прележале КОВИД-19 имаат антитела дури и 1 година после заразата

- Advertisement -

Дури 80% од луѓето кои прележале КОВИД-19 пред една година и понатаму имаат антитела на САРС-КоВ-2 вируост, покажа најновата шведска студија. Новата шведска студија беше спроведена на 2.000 вработени во болницата Дандерид во Стокхолм, кои правеле тестирања на крвта секои четири месеци и одговарале на прашања преку посебан апликација.

Можевме да видиме дека најголем дел од луѓето кои се разболеле го изгубиле мирисот и вкусот и дека 10% од заразените воопшто немале симптоми на болеста“ велат одговорните за стусијата.

- Advertisement -

Антителата кои ги развиле се покажале како добра заштита против алфа и делта варијантите на вирусот, кои моментално се доминантни и кои брзо се шират во светот потиснувајќи ги другите варијанти во многу земји. Но, заштитата од бета и гама варијантите не е толку јака. Нивото на заштита против бета и гама варијантите е од 30% до 40 % помало.

Научниците кои ја спроведоа студијата во шведската болница исто така истражувале и колку дози вакцини се потребни за тие што веќе биле заразени. Претходно било заклучено дека само една доза на Pfizer е доволна, а шведските научници сега открија дека истото важи за вакцината на AstraZenecа.

- Advertisement -

(SVT)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -