Новата јахта на Џеф Безос е толку голема што заради неа ќе биде растурен историски мост во Ротердам

- Advertisement -

Милијардерот и основач на Amazon, Џеф Безос, моментално се наоѓа во ситуација каде што неговата јахта е преголема за да помине под еден мост во Ротердам.

Но, за човек кој тежи над 170 милијарди долари, тоа и не е некој голем проблем. Имено, иако станува збор за мост со историско значење, кога ќе дојде време јахтата на Безос да помине под мостот, тој мост ќе биде растурен, па повторно составен откако ќе помине. Сметката за тоа ќе му биде испратена на Безос.

- Advertisement -

Јахтата на Безос моментално се гради на бродоградилиште во градот Абласердам, а кога ќе биде довршена на нејзиниот пат до отворено море пречка ќе биде мостот Јонингсхавен во Ротердам. Тој мост е изграден пред речиси 100 години има историска вредност и сега е национален споменик. Откако во текот на минатата деценија беше реновиран, градските власти рекоа дека мостот никогаш нема да биде растурен.

Барем се додека Безос не реши да прави долга скоро 130 метри со три јарболи, кои се превисоки за да помине под мостот. Како причина зошто ќе дозволат растурање на мостот за да помине под него градските власти наведоа дека на изградбата на јахтата се вработени многу луѓе. Исто така, затоа што тоа е единствениот пат за јахтата да излезе на море.

- Advertisement -

Процесот на растурање на средишниот дел на мостот ќе трае неколку недели во текот на летото.

(Business Insider)

Сподели!
- Advertisement -