Еден од најголемите кол центри во светот бара вработените да постават камери во спалните соби

- Advertisement -

Еден од најголемите кол центри во светот врши притисок врз вработените кои работат на далечина да дозволат надзор со камери со вештачка интелигенција за да ги надгледуваат нивните работни простории дома, па дури и спалните соби.

Во март компанијата Teleperformance го дополни своите договори за работа со барање работниците да дозволат компанијата да постави камери за да ги снима и да ја следи нивната работа од дома во реално време. Новиот договор дозволува и да ги чува податоците собрани од членови на семејствата, вклучувајќи и малолетници и да им врши видео и гласовна анализа.

- Advertisement -

Исто така, вработените морале да прифатат да ги споделуваат своите биометриски податоци, вклучувајќи ги отпечатоците од прсти и фотографии. Наводно, постои и клаузула која од нив бара да поминат тестови на детектор за лаги ако компанијата го побара тоа од нив.

според наводите на NBC News, договорот бил испратен на адреса на 95% од 39.000 вработени во компанијата Teleperformance во Колумбија, кои работеле на далечина. Вработеаи во таа компанија, која сака да остане анонимна, изјавила дека го потпишала договорот затоа што и се заканиле дека ќе ја сменат на друга подолна позиција. Друга вработена вели дека единствената соба која е доволно тиха за да работи од дома е нејзината спална соба. Таа рекла дека компанијата уште не поставила дополнителни камери, но и дека е загрижена поради микрофоните кои можат да го снимат и хрчењето на нејзиниот сопруг.

- Advertisement -

„Тоа е кршење на моите права на приватност и правата на мојот сопруг и на свекрвата, кои живеат со мене“ вели таа.

Како одговор на тврдењата на вработените се јави портпаролот од Арplе, кој исакна дека тие како компанија забрануваат употтреба на видео или фотографски надзор кај доставувачите, затоа тврдат дека Teleperformance не користи видеонадзор за кој било од нивните тимови кои работат со Apple.

- Advertisement -

И портпарол на Amazon демантираше дека компанијата барала дополнителен надзор за работници кои работат од дома. Додаде и дека компанијата не го толерира кршењето на кодексот на однесување на своите продавачи, вклучувајќи ги и условите кои се однесуваат на правата на вработените.

Меѓутоа, од Uber потврдија дека побарале од компанијата да ги надлгедува работниците кои работат со нивните сметки за да се утврди дека само овластените вработени имаат пристап до осетлици и приватни кориснички податоци, вклучувајќи и податоци за кредитни картички и за патувања.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -