Тинејџерка тргна во мисија да стане најмладата жена што сама го прелетала целиот свет

- Advertisement -

Деветнаесетгодишната Зара Рутерфорд вчера тргна во мисија да стане најмладата жена која самостојно го прелетала целиот свет. Таа ја напушти Белгија и тргна на пат во текот на кој треба да помине 52 земји и 5 континенти.

„Моментот кога ќе се издигнете од тлото заборавате на се. Тоа сте само вие и авионот“ изјави таа.

- Advertisement -

Зара има двојно белгиско и британско државјанство. Веб-страницата која го следи нејзиното патување објави дека полетала од градот Кортрајк. Досега женскиот рекорд го држи Шаеста Вајз од САД, која самостојно го прелета светот на 30-годишна возраст. Маѓкиот рекорд го држи 18-годишник, а тоа Рутерфорд го смета за родова нерамноправност.

Таа се надева дека нејзината епска експедиција ќе ги заинтересира жените и девојките за летање или генерално ќе ги инспирира да ги следат своите соништа, се наведува на нејзината веб страница.

- Advertisement -

Тинејџерката ќе лета со ултралесен европски авион Shark, кој може да крстари со брзина од 300 км на час. Летањето и е во крвта на Зара, затоа што и мајка и, по потекло од Белгија, и татко, по потекло од Велика Британија, се пилоти.

Зара од Белгија ќе тргне најпрвин кон Велика Британија, а потоа преку Исланд до Гренланд и понатаму на запад. Во меѓувреме ќе преноќува кај познаници и кај поддржувачи од целиот свет. Нејзиното враќање во Белгија се очекува за три месеци отсега, на почетокот на ноември.

- Advertisement -

(N1)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -