ВИДЕО: Како изгледа корона вирусот кој влегува во клетките и што прави таму

- Advertisement -

Корона вирусот ги одбележа последните две години од животот на луѓето, но за најголем дел од нас и понатаму е нешто апстрактно, нешто што не можеме да го видиме.

Група истражувачи од холандскиот Универзитет Утрехт и нивниот труд може да го сменат начинот на кој размислуваме за корона вирусот. Имено, благодарение на некои подобрувања кои ги направиле во техниката за набљудување со микроскоп наречена експанзиска микроскопија успеале да видат, а потоа и да снимат многу детални 3Д фотографии кои покажуваат како вирусот САРС-Ков-2 влегува во клетките од респираторниот систем на човекот и како ги инфицира.

- Advertisement -

Благодарение на нивното откритие тие успеале да видат предмет кој е голем само 20 нанометри зголемен 10 пати низ микроскоп. Така јасно можеле да видат дури и корона вирус голем 100 нанометри.

Освен тоа што фотографиите се импресивни за гледање, ваквиот начин на набљудување може да помогне да откријат како безбедно и ефикасно да се стопира навлегувањето на САРС-КоВ-2 во телото. Имено, на фотографиите се гледаат повеќе начини на кои корона вирусот ги менува и ги деформира инфицираните клетки во текот на размножувањето. Научниците така откриле дека корона вирусот откако ќе ја инфицира клетката на домаќинот и ќе се размножи до крајни граници го „копа“ својот пат надвор од клетката со помош на своите протеини.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -