Луѓето заразени со делта варијантата на корона вирусот имаат 300 пати поголемо вирусно оптоварување отколку луѓето заразени со оригиналната варијанта, покажа јужнокорејско истражување. Но, тоа се намалува со тек на време на 30 пати поголемо за 4 дена и на 10 пати поголемо после 9 дена. После 10 дена вирусното оптоварување е исто како кај другите варијанти, објави денес Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA).
Поголемото вирусно оптоварување значи дека вирусот многу полесно се шири меѓу луѓето, со тоа зголемувајќи го бројот на заразени и хоспитализирани, изјавија од јужнокорејското Министерство за здравство. Но, тоа не значи дека делта варијантата е 300 пати позаразна. Како што истакнаа на прес-конференција, мислат дека стапката на репродукција на делта варијантата е 1,6 пати поголема од алфа варијантата и околу 2 пати поголема од оригиналната варијанта.
Делта варијантата по прв пат беше детектирана во Индија, а алфа варијантата во Велика Британија. Научниците го споредуваат вирусното оптеретување со кај 1.848 пациенти заразени со делта варијантата со вирусното оптеретување кај 22.106 луѓе кои се зарaзени со другите варијанти.
(Zimo)
(фото: Plot Shete)