Чешката организација Building Society Stavební spořitelna Česká spořitelna (Buřinka) на својата листа со 3Д печатени градежни иновации додаде нов проект. Станува збор за соработка со приватниот сектор, јавниот сектор и истражувачки центри, а резултатот е првото 3Д печатено паркур игралиште во светот.
Димензиите на игралиштето се 14 на 12 метри, а е направено главно од гума, додека некои пречки се направени од бетон. Пречките се печатени со материјали од Master Builders Solutions CZ со цел да се стави акцент на безбедноста и на цврстината. Основата на игралиштето е испечатена од рециклиран бетон познат како ребетонг во соработка со истражувачи од Универзитетот за технологија Брно.
Игралиштето го дизајнираше архитектот Даниел Самек од Buřinka, а треба да биде отворено на крајот на септември годинава како дел од Основното училиште Купеки во Прага.
Самек вели дека проектот го привлекол со својата пристапност, затоа што за паркур не е потребна скапа опрема и може да го практикуваат и деца и возрасни.
(Inhabitat)
(фото: Buřinka)