Научници од Јужна Африка открија нова варијанта на корона вирусот која велат е поопасна од сите други

- Advertisement -

Група од триесетина научници од Јужна Африка открија нова варијанта на КОВИД-19 која се плашат дека би можела да биде уште поотпорна на вакцините од претходните варијанти. Таа нова варијанта се состои од повеќе мутации на вирусот и колективно се вика C.1.2., а ја открија научници од Јужноафриканскиот институ за заразни болести и Kwa-Zulu платформата за иновации во наталните истражувања и секвенционирање.

Оваа варијанта за прв пат е откриена во Јужна Африка во мај годинава, а оттогаш се проширила и во други земји ширум светот како што се Кина, Конго, Маурициус, Нов Зеланд, Велика Британија, ШПортугалија и во Шведска.

- Advertisement -

Во студијата објавена на репозиториумот medRxiv.org, која чека научни рецензии, јужноафриканските научници внимателно објаснуваат дека новата варијанта се поврзува со избегнувањето одредени неутрализирачки антитела од трета класа, што претставува заштита од вируси која се стекнува по природен пат или со помош на вакцини против новиот корона вирус.

Варијанатата C.1.2 покажала и речиси двојно поголема годишна мутација од другите опасни варијанти. Најмногу ги загрижува акумулацијата на додатни мутации, кои ќе влијаат на осетливоста на неутрализацијата и со тоа на состојбата за размножување на вирусот.

- Advertisement -

C.1.2 еволуирала од C.1, варијанта која доминираше во привот бран од пандемијата на КОВИД-19 во Јужна Африка. Научниците се плашат дека новата варијанта можеби е порашиена отколку што мислат затоа што бројот на C.1.2 геноми во Јужна Африка месечно се зголемува исто како што беше случај со бета и делта варијантите.

(Sputnik)

- Advertisement -

(фото: Plot Shnete)

Сподели!
- Advertisement -