Дигитализацијата меѓу приоритетите на поддршката од Светска банка

- Advertisement -

Партнерството со Светска банка идниот период ќе се фокусира на дигитализацијата како една од системските мерки за борба против корупцијата, паралелно со поддршката на програмите за справување со сивата економија.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и со директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, како и министерот за финансии Фатмир Бесими.

- Advertisement -

Како што информира владината прес-служба, една од централните теми беше соработката за зајакнување на системот за јавно здравство во пост-КОВИД периодот, како и поддршката на Светска банка во обезбедувањето систем за интегрирано менаџирање на јавните финансии.

-Согласно стратегијата за партнерство со Светска банка, поддршката од оваа меѓународна институција се фокусира на проектите за развој на вештини и можности, особено за најранливите категории, на проекти за подобрување на општинските услуги, на инфраструктурни проекти за подобрување на патната и железничката инфраструктура, за унапредување на социјалните услуги, за унапредување на основното образование, на проекти за енергетска ефикасност и на повеќе други, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

Претседателот на Владата ја истакна и плодната соработка со Светска банка последниве години во голем број области кои, напомена, се од клучно значење за земјава, за реформирање и модернизирање на сите сегменти од македонската економија.

Сподели!
- Advertisement -