Apple претстави нов систем за борба против детска порнографија

- Advertisement -

Гигантот Apple претстави нов систем за борба против детската порнографија, како на своите сервери како и на уредите на корисниците. Станува збор за систем за пронаоѓање сликовен материјал за сексуално малтретирање на деца, кој се наоѓа на iCloud сервисот во САД, кој ќе ја извести полицијата.

Новиот систем ќе детектира сексуална злоупотреба на уредите на корисниците во САД користејќи т.н. криптографски хашинг или претворање на сликите во единствени броеви кои соодветствуваат на одредена слика.

- Advertisement -

Системот функционира така што ги споредува сликите со база на познати слики од злоупотреба на деца, која ја составија американскиот Национален центат за исчезнати и експлоатација на деца и други организации за заштита на децата.

Apple тврди дека тој систем е поприватен за корисниците од останатите начини на елиминација на илегални содржини со детска порнографија затоа што користи софистицирана криптографија и на серверите на Apple и на уредите на корисниците.

- Advertisement -

Најавата на Apple дека ќе ги скенира американските iPhone телефони поради фотографии со сексуална злоупотреба на деца наиде на одобрување од организациите за заштита на деца, но предизвика и загриженост дека владите би можеле да ја злоупотребат таа технологија за надзор на своите граѓани.

(N1)

- Advertisement -

(фото: LSE Blogs)

Сподели!
- Advertisement -